Здружение за општествена акција едукација и превентива

Здружение големи и мали

Запознавање со проблемот на сексуална злоупотреба на деца и педофилија

Душанка Петрова
дипл. социјален работник /
 стручен работник во ЈУ ЗСД

 


I. ПОИМ И ДЕФИНИЦИЈА ЗА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦА


Сексуалната злоупотреба се дефинира како било каков вид на сексуален контакт помеѓу дете и возрасно лице или тинејџер постар 5 или повеќе години од детето жртва.
При тоа возрасното лице може да биде родител – стрател, роднина, дедо, баба,
учител, тренер, негувателка..
Најчесто злоупотребувачот е лице на кого детето му верува и кој добро го
познава.
Сексуалната злоупотреба може да биде во форма на детска порнографија; изложување на сексуални содржини; допирање; мастурбација; вагинален, орален или анален контакт.
Со други зборови кажано, сексуалната злоупотреба се случува кога возрасниот или тинејџерот го користи детето за задоволување на своите сексуални потреби.
Значи кога лицето постаро од детето го наведува – подведува; му се заканува; го насочува или присилува на сексуален контакт и притоа не се грижи за психичкиот и емоционалниот развој на детето.
Кога сексуалната злоупотреба се случува помеѓу крвни сродници, тоа го нарекуваме инцест.
Иако вака дефинирана сексуалната злоупотреба е поврзана и со законската дефиниција, сепак водечки принцип при дефинирање на ваквиот вид злоупотреба би бил фактот дали се предизвикало трауматско делување врз детето. Ваков ефект немаат сите сексуални средби.
Во овој случај трауматското делување, односно неговот дефинирање е поврзано со значењето на некоја постапка врз детето, што провлекува и може да се менува како што детето напредува низ развојните фази.
Сексуалната злоупотреба не мора секогаш да е видливо”трауматизирачка”, но го остава детето со когнитивни дисторзии (искривувања) и со проблематични уверувања – како што е: “Во ред е да се допираат другите, бидејќи тоа предизвикува задоволство” .
Значи, сексуалната злоупотреба може да се дефинира како сексуален чин наметната врз дете кое не е доволно емоционално, мотивациски и когнитивно развиено за таков чин.
Способноста да се намами детето во сексуален однос се темели врз моќната и доминантна позиција на возрасниот или постариот сторител, кој е во опозит со возраста на детето, неговата зависна и субмисивна позиција.

 

МЕСТО ЗА
РЕКЛАМА 1
МЕСТО ЗА
РЕКЛАМА 2
МЕСТО ЗА
РЕКЛАМА 3