Научи и заштити се - Линкови!
СО ЕДУКАЦИЈА И ЗНАЕЊЕ ДО ПРЕВЕНЦИЈА ОД СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА/ПЕДОФИЛИЈА
Р.Македонија во 1993 година ја ратификуваше Конвенцијата за права на детето и како потписничка се обврза на адекватна грижа и помош, неопходна заштита, обезбедување на услови за непречен раст и развој на личноста на детето во средина и атмосфера на благосостојба.
Р.Македонија покрај обезбедување на услови за реализација на овие права (посебно уредени со чл. 19, 34, 36 и 39 од оваа Конвенција), должна е да ги превземе сите соодветни национални, билатерални и мултилатерални мерки за спечување и заштита на детето од сите облици на дискриминација / казни и кршење на неговите права.
Едно од најтешките форми на кршење на правата на детето се сите облици на негово сексуално искористување и сексуална злоупотреба притоа не минимизирајќи ги и не занемарувајќи ги сите други права од Конвенцијата.
- I. ШТО Е СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА / ПЕДОФИЛИЈА ?
- II. КОЈ Е ПЕДОФИЛ / ЗЛОСТАВУВАЧ-КА ?
- III. КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ЖРТВА И КАКО ДА ЈА ПРЕПОЗНАЕМЕ ?
- IV. НАЈЧЕСТА ЛОКАЦИЈА / СРЕДИНА ВО КОЈА СЕ СЛУЧУВА ЗЛОУПОТРЕБАТА
- V. МИТОВИ ИЛИ ФАКТИ ЗА СЕКСУАЛНАТА ЗЛОУПОТРЕБА
- VI. ШТО ДА СТОРИМЕ КОГА ЌЕ ДОЗНАЕМЕ ЗА ЗЛОУПОТРЕБАТА ?
- VII. НА КОГО ДА МУ КАЖЕМЕ И КАДЕ ДА СЕ ОБРАТИМЕ ЗА ПОМОШ ?
I. ШТО Е СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА / ПЕДОФИЛИЈА ?
Сексуалната злоупотреба се дефинира како било каков вид на сексуален контакт (директен или индиректен) помеѓу лице (кое е постаро 5 или повеќе години од детето жртва) и дете.
Со други зборови кажано, сексуалната злоупотреба се случува кога лицето (возрасен или тинејџер) го користи детето за задоволување на своите сексуални потреби, при што го : наведува – подведува; му се заканува; го насочува или присилува на сексуален контакт и притоа не се грижи за психичките, емоционалните и секаков вид трауми и последици што му ги нанесува.
Сексуалната злоупотреба може да биде во било каков облик: детска порнографија; изложување на сексуални содржини; допирање; секаков вид на контакт...
|
Сексуалната злоупотреба се однесува на вклучување на зависно, развојно незрело дете и адолесцент во сексуални активности, кои тоа неможе да ги разбере, на кои неможе од позиција на зрелост да се сложи и кои ги загрозуваат социјалните табуа за семеен живот. Притоа сексуалната злоупотреба се однесува на :
|
II. КОЈ Е ПЕДОФИЛ / ЗЛОСТАВУВАЧ-КА ?
Профилот на извршителот е непостојан и непредвидлив и тоа :
- Cпоред возраста тоа може да биде полнолетно или малолетно лице (возрасен сторител над малолетно лице или малолетник врз друг малолетник);
- може да биде од обата пола (машко / женско);
- може и немора да е близок член од семејството или потесната социјална средина на детето;
- може да биде од било која етничка, религиозна и професионална определба.
Лицето - сторител може да биде: родител / стрател, роднина, дедо, баба; сосед – ка; учител – ка; наставник – чка; тренер, негувателка...
Најчесто злоупотребувачот е лице на кого детето му верува и кој добро го познава.
Кога сексуалната злоупотреба се случува помеѓу крвни сродници, тоа го нарекуваме инцест.
Три фактори кои се битни во насока на дефинирање, односно позиционирање на злоставувачот / педофилот во односот на жртвата :
- Разлика во моќ
- Едната страна (злоставувачот) ја контролира другата страна (жртвата), при што злоупотребата не е започната и не е изведена двострано.
- Моќта исто така може да произлезе и од улогите што ги имаат злоставувачот и жртвата.
- На жртвата вообичаено и е наметнато да чувствува обврска да го изврши она што злоставувачот ќе го побара.
- Разлика во знаење
- злоставувачот е или постар или развојно понапреден од жртвата;
- колку што детето е помладо, толку помалку е способно да го разбере значењето и потенцијалните последици од сексуалниот чин, особено со возрасно лице;
- кога лице со пречки во развојот (ментални) учествува во или е набедуван на сексуална активност, би можело да се смета за злоупотреба и во ситуација кога жртвата е на иста или на постара возраст со злоставуувачот.
- Разлика во задоволување
- примарна цел на злоставувачот е себе си сексуално да се задоволи;
- злоставувачот може да се залажува себе си дека целта на неговиот чин е сексуално да ја задоволи жртвата.
Овие три фактори секогаш треба да се разгледуваат взаемно при позиционирање на злоставувачот / педофилот во односот на жртвата, без занемарување или давање на приоритет на еден фактор.
Најчести оправдувања на злоставувачот се :
- "Детето и така незнае што правам, па тоа нема да го повреди"
- "На секого му е потребно задоволување на сексуалната потреба, а ова е мој начин."
- "Детето не се бунеше - тоа значи дека му се допаѓа."и др
III. КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ЖРТВА И КАКО ДА ЈА ПРЕПОЗНАЕМЕ ?
Профилот на жртвата е непостојан и непредвидлив и тоа :• возраста не е одлучувачки фактор (секое дете до 18 години може да биде жртва);
• може да биде од обата пола (машко / женско);
• без оглед на етничката и верска припадност;
• деца со и без родители;
• деца со и без родителска грижа;
• деца вклучени или исклучени од образовниот процес.
• материјалниот и социјалниот статус на нивните семејства е различен.
Деца кои припаѓаат на ранливите категории граѓани (деца на улица; деца со пречки во развојот; деца со родители, но без адекватна родителска грижа) во секојдневното живеење се изложени на висок степен на ризик да станат жртви на сексуална злоупотреба.
Симптомите и симптоматологија кај злоставуваното дете се најразлични. Можат да бидат видливи и лесно приметливи или невидливи; различни во однос на видот, обемот и интензитетот на манифестацијата на симптомите и во должината на временскиот период на манифестирање на истите.
Секогаш симптомите и симптоматологијата треба да се разгледува во контекст на:
- календарската и ментална возраст на злоставуваното дете.;
- отстапувањето во поведението на детето од неговото вообичаено однесување и
- материјално-социјалниот контекст од кој потекнува и во кој живее истото.
Најчести симптоми кои детето ги манифестира при злоупотреба, а за возрасниот се сигнал на кој мора да реагира се :
- предучилишна возраст
• повлечени, покорни, неми;
• вообичаената игра станува мачна, стегната, некреативна и без радост;
• станува видливо нервозно, вреска, се лепи за возрасните и има напади на бес;
• се јавува регресивно однесување, односно се губат претходно стекнатите навики, како што е губиток на стекнатите хигиенски (тоалетни) навики;
• нарушено спиење, сомнабулизмот; зборување во сон и ноќни стравови, кои се поврзани со трауматскиот настан;
• се јавуваат нови стравови и зголемено е нивото на анксиозност;
• соматските рекции се манифестираат преку болки во стомакот; губење на апетит; гадење; повраќање, главоболки и сл.;
• отворена автоеротска активност и др.
- училишна возраст
• снижување на интелектуалното функционирање (општа отапеност, намалена концентрација на час, тешкотии во училиштето
• од дете со примерно однесување, станува нервозно; грубо, подготвено за кавга, има пробелми со врсниците или станува пасивно; инхибирано и неспонтано;
соматски рекции поврзани секогаш со некаква болка;
• ја користи фантазијата, како начин да го одврати вниманието од анксиозноста и болното сеќавање.
- млади во адолесцентен период
• манифестациите на траума кај адолесцентот личат на Посттрауматското стресно пореметување (PTSD) кај возрасните;
• предвремено влегување во возрасниот период или предвремено затворање на процесот на градење на идентитетот;
• чувството на бес, срам и предавство, кои можат да ја загрозат позицијата на адолесцентот во социјалната група, водејќи го во анксиозно барање на нови хоризонти.
• несоодветно изразување на потиснати емоции – изостанување од училишта; прерана сексуална активност; злоупотреба на дрога; деликвенција и сл.
• адолесцентот ги отфрла нормите, ,,не се плаши,, (склоност кон ризично однесување) од овие за него необични антисоцијални постапки а истите може да се разберат и како одбрамбени механизми, односно свртување против самиот себе.
• ја користат деструкцијата и автодеструкцијата, како начин да го одвратат вниманието од анксиозноста и болното сеќавање.
Може да се заклучи дека трауматскиот настан доживеан во било кој период на детсвото остава последици врз развојот на личноста на детето.
Трауматизираноста на детето и брзината на неговото психичко заздравување се во корелација со: • возраста;
• степенот на трауматизираност; • реакцијата на возрасните што се грижат за него;
• стручната помош;
• натамошниот тек на неговиот живот.
IV. НАЈЧЕСТА ЛОКАЦИЈА / СРЕДИНА ВО КОЈА СЕ СЛУЧУВА ЗЛОУПОТРЕБАТА
Ниедна земја не е имуна на сексуална злоупотреба на деца. Злоупотребите се случуваат и во руралната и во урбаната средина, во било кој дел од државата, без оглед на регионот.Местото на кое се случуваат злоупотребите може да е позната или непозната, за детето - семејна или поширока социјална средина. Во средина во која детето се чувствува безбедно и е опкружено со познати лица или во апсолутно нова и непозната средина за детето. (домот на детето или на сторителот; училиштето и училишниот двор; градинката; игралиштата...)
V. МИТОВИ ИЛИ ФАКТИ ЗА СЕКСУАЛНАТА ЗЛОУПОТРЕБА
| М И Т О В И | Ф А К Т И |
|---|---|
| Злоупотребувачите им се непознати лица на децата | Злоупотребувачите им се познати лица на децата и тоа во 80-90% од случаите но може да бидат и непознати |
| Жртви на ваков вид злоупотреба се претежно тинејџери, кои себе си знаат да се заштитат | Жтрвите се од различна возраст, а повеќе од една третина тоа се деца на возраст од 5 години |
| Децата најчесто лажат за сксуалната злоупотреба | Децата најчесто немаат искуство, ниту вокабулар точно да ја опишат сексуалната активност на возрасните, ниту лажат со намера себе си да си создадат проблеми |
| Инцестуозните злоупотребувачи злоупотребуваат деца само во сопственото семејство | Истражувањата покажуваат дека 50% од оваа категорија злоупотребувачи, злоупотребуваат и деца надвор од семејството |
| Ако злоупотребувачот не користи сила, тоа би значело дека детето доброволно учествувало во сексуалната активност | Злоупотребувачот користи вербални закани или убедувања, како би го навел детето на сексуална активност. Децата не се во состојба да дадат зрела согласност за било каква сексуална активност. |
| Сексуалните злоупотребувачи се ментално пореметени личности, хомосексуалци или ментално ретардирани. | Повеќето злоупотребувачи функционираат извонредно во многу области на животот; тие се хетеросексуални и функционираат на нормално интелектуално ниво. |
| Сите деца на секоја возраст се потенцијални жртви на злоупотреба | Да, но најранливи категорија се децата се помеѓу 7 и 13 година. Ова важи и за девојчињата и за момчињата, бидејќи во овој период ја прошируваат социјалната средина и се осамостојуваат. |
| Секое злоупотребено дете веднаш ќе каже за настанот. | Децата ретко зборуваат за настанот, бидејќи злоупотребувачот им се заканил или им кажал дека тоа е само нивна тајна, помеѓу детето и злоупотребувачот и мораат да ја чуваат. |
| Понекогаш децата сакаат да кажат сека се злоупотребени, но се плашат дека нема да им веруваат и дека нема да бидат заштитени. | Исто така децата може да се заплашени дека со кажувањето ќе внесат раздор во семјството и ќе бидат одговорни за затворањето на злоставувачот. |
| Сите случаи на злоупотреба се откриваат од страна на надлежните органи во државата и се санкционирани | Многу случаи на злоупотреба на децата остануваат непријавени, нерегистрирани и несанкционирани |
| Сексуалната злоупотреба е видлива и забележлива (телесни траги и повреди), дури и за "голо око" | Последиците од злоупотребата не се секогаш видливи, најчесто се препознаваат преку однесувањето на детето. |
| Секогаш возрасните ги препознаваат симптомите на злоупотребата кај детето и превземаат адекватни мерки на негова заштита. |
Не сите возрасни знаат да ги препознаат и да ги протолкуваат симптомите на злоупотребеното дете. Не сите возрасни се доволно добро информирани како да постапат со злоупотребеното дете и каде и кому да се обратат за помош. |
VI. ШТО ДА СТОРИМЕ КОГА ЌЕ ДОЗНАЕМЕ ЗА ЗЛОУПОТРЕБАТА ?
- Останете мирни и спокојни и покажете му на детето дека го разбирате.
- Верувајте му, пристапете со доверба кон кажаното, бидејќи детето речиси никогаш не лаже за злоупотребата.
- Покажете му и разуверете го, дека и покрај немилиот настан и во иднина ќе го сакате, почитувате и заштитувате.
- Сосослушајте го до крај, за се што има да ви каже.
- Не инсистирајте да дознаете повеќе од она што детето е подготвено во тој момент да Ви каже.
- Не му ветувајте нешто што неможете да го исполните.
- Не му ветувајте дека нема да кажете никому за настанот или дека злоупотребувачот нема да оди во затвор.
- Никогаш не го обвинувајте детето за било кој облик на злоуотреба.
- Не се двоумете и обратете се за стручна помош.
Kratok opis za preporaka za literatura
Објавено на: 23.08.2011

